Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 стигнаа до убедливи победи на Меѓународниот ракометен турнир во Струга, за да закажат дуел во финалето на традиционалниот турнир.
Вардар, со пола сили и без многу мака забележа 25:17 победа над Бутел, откако претходно, Еурофарм Пелистер лесно со 28:16 го совлада домаќинот Струга.
МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТЕН ТУРНИР, СТРУГА, 4.ДЕН
Охрид – Еурофарм Пелистер 2 26:22 (12:9)
Струга – Еурофарм Пелистер 16:28 (9:16)
Вардар 1961 – Бутел 25:17 (14:11)
Фото: РК Вардар