Вардар и Ѓер повторно ќе играат продолжение за европската титула, откако по првите 60 минути игра двата тима беа апсолутно израмнети и мечот заврши со 20:20.
Минатата година Вардар загуби во драматичното продолжение од Ѓер со еден гол разлика, и сега ќе има можност да се одмазди на ист начин во Будимпешта.
Во меч во кој нијансите одлучуваа за секој гол, Вардар беше предводен од фантастичната француска голманка Амандин Лејно, меѓутоа во финишот Едуарда Аморим Талеска, позната на македонската ракометна публика го постигна клучниот гол за Ѓер во финишот на натпреварот за да израмни на 20:20, и тогаш останаа само уште девет секунди игра во кои Вардар не успеа да стигне до шампионски гол.
Остануваат уште два пати по 5 минути за срцев напад за сите навивачи на „црвено-црните“.