Ракометарите на Вардар в недела ќе го пречкаат Веспрем (17 часот) во рамките на 10 коло, во Б-групата во Лигата на шампионите. Вардар во досегашниот дел од лигата има по четири победи и порази и едно реми, додека Веспрем се на шест победи и три порази.
Веспрем во лош момент за Вардар ќе гостува во Скопје. Европскиот првак има големи кадровски пробели, а тренерот Едуард Кокшаров признава дека „има по еден здрав играч за секоја позиција“. Без Дисингер и Киштопанс, Кокшаров веројатно ќе се насочи на 5-1 формација во одбраната, бидејќи како што вели „тие двајца се значајни за формацијата 6-0“.
Поради ова од тимот на Вардар фаворитската улога им ја препуштаат на Унгарците, но далеку од тоа дека со „бело знаме“ ќе излезат на теренот пред своите навивачи.
„Знаете сите во каква ситуација се наоѓаме. Да не се лажеме Веспрем се фаворити, нас ни останува да се бориме. Ќе се обидеме да не ја разочараме публиката“, изјави капитенот на тимот Сотоле Сотилов.
Инаку со овој натпревар ќе завршат обврските на Вардар во Лигата на шампините во оваа календарска година. Лигата на шампионите потоа ќе продолжи во февруари наредната година.