Top Sport

Вардар ја одбрани титулата во Купот

Ракометарите на Вардар ја одбранија титулата во Купот на Македонија. Завршниот турнир се играше во Битола, а Вардар во финалето го победи 30-26 (14-12). Вардар во клупските витрини ја смести 13.титула во Купот. Црвено-црните сезонава ја одбранија двојната круна, четврта во низа и воедно петти пат по ред го кренаа пехарот во Купот.

Поради дозволениот број на странски играчи, Вардар, на овој меч играше без Штербик, Чупиќ, Марсениќ и Војводиќ, меѓутоа и без нив без поголеми проблеми успеа да забележи победа.

Металург, предводен од Кумановски, Јагањац и голманот Томовски, беше достоен противник во финалето.

Вардар, во првото полувреме, најчесто ја бркаше предноста на ривалот, во финишот успеа со една серија од три гола да стигне до 11-9, а два гола предност имаше и по првиот дел (14-12).

Веднаш на стартот од вториот дел Вардар постигна два гола, ја крена предноста на четири гола (16-12), а потоа вешто ја користеше играта на противникот во нападот „7 на 6“.

Во последните 13 минути од натпреварот црвено-црните стигнаа до најфисоката предност (25-18). Металург, благодарение на голманот Томовски одговори со серија од три гола, но повеќе од тоа играчите на Јовиќ не можеа.

Дибиров со седум гола го предводеше Вардар, а ист број на голови на спротивната страна постигнаа Јагањац и Кузмановски, додека голманот Томовски имаше 13 интервенции.

Младиот голман на Металург, Томовски, беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, а МВП признанието го понесе бекот на Вардар, Криштопанс.

foto: rkvardar.mk

Scroll to Top