Top Sport

Вардар моќен против Кристијанштад

Ракометарите на Вардар го задржаа перфектниот старт во новата сезона, откако во втората рунда, во Лигата на шампионите, го совладаа Кристијанштад 33:25 (19:10). Црвено-црните го задржаа и максималниот ефект во дуелите со шведскиот првак, во седмото соочување ја забележаа седмата победа.

Нецело полувреме му беше доволно на Вардар да ги разоружа гостите од Шведска. Фуриозно стартуваше Вардар и за шест минути стигна до предност 6:0. На стартот блескаше голманот Милосављев во три одбрани и Борозан со три гола во нападот.

Тренерот на Кристијанштад, Ола Лингренд, побара минута одмор, но работите на теренот не се сменија. Вардар а зголеми предноста на 8:1, а потоа и 10:2 во 13.минута.

Работата Вардар ја заврши на почетокот на 21.минута кога прв пат на мечот предноста беше двоцифрена (15:5).

Во последните осум минути, тренерот на Вардар, Гарсија Парнодо, го изротира составот. Тука играчите на Кристијанштад малку „дојдоа до здив“ и постигнаа три гола.

Во вториот дел македонскиот и регионалниот шампион рутински ја одржуваше предноста, што му овозможи на Парондо да ги одмори своите главни играчи.

Вардар во нападот го предводеа Чупиќ со седум и Борозан со пет гола гола, а одличен настап имаше и голманот Милосављев со десет интервенции.

Во третото коло, на 29.септември, Вардар ќе гостува кај Веспрем.

фото: rkvardar.mk

Scroll to Top