Пред денешниот дуел од СЕХА лигата меѓу европскиот шампион Вардар и хрватскиот вице-шампион Нексе, двата тима направија одличен гест – донираа книги на македонски на библиотеката во Нашице.
Вечерашниот меч почнува во 19 часот, и Вардар ќе се обиде да ја продолжи победничката низа во регионалното натпреварување во кое веќе има седум победи во седум меча. Покрај тоа, Нексе последен пат успеал да го победи Вардар пред три години.
Вардар се првиот европски шампион кој игра во градот со 16 илјади жители во Славонија, Нашице.
Another amazing handball donation ➡️ our reigning champions @HCVardar alongside @rk_nexe donated books in Macedonian to library in Nasice ? #SEHALeague #Gazprom #handball #donation pic.twitter.com/iKfvmRooEj
— SEHA-GAZPROM LEAGUE (@SEHALeague) November 28, 2017