Двократниот европски шампион Вардар не успеа да ја забележи само втората победа во групната фаза на ЕХФ Лигата на шампиони, откако во Скопје, норвешкиот Елверум во драматична завршница извлече 4:34 реми.
Вардар во необичната сезона во ЛШ, во која огромен број нивни натпревари беа одложувани поради пандемијаа на КОВИД-19, нема победа во натпреварувањето од таа над Флензбург на 15 октомври минатата година.
Во неизвесното прво полувреме, водството се менуваше постојано, но ниту еден тим не успеа да направи поголема разлика од 2 гола. „Црвено-црните“ потоа се покажаа како поквалитетен тим, правејќи +4 разлика по 40-тина минути игра, за на крајот да им избега победата во самиот финиш на мечот.
Анте Гаџа беше најефикасен со осум постигнати голови, Иван Чупиќ стигна до шест, додека капитенот Стојанче Стоилов заврши со пет гола.
Фото: РК Вардар
WATCH: Brilliant save by Marko Kizic to keep @HCVardar up vs @ElverumHandball ?#ehfcl #showtimeforchampions pic.twitter.com/Sx7n80IsoI
— EHF Champions League (@ehfcl) February 21, 2021
WATCH: ? Sound on for this @dissinger25 ?@HCVardar #ehfcl #showtimeforchampions pic.twitter.com/TYGZocQIaJ
— EHF Champions League (@ehfcl) February 21, 2021