Вардар веќе ја имаше потврдено шампионската титула во македонскиот ракомет, така што последното коло против Металург во Автокоманда служеше само за комплетирање на сезоната.
„Црвено-црните“ не дозволија изненадување против својот најсериозен ривал во Македонија, и со 33:29 стигнаа до победа.
Ова беше последен меч за Вардар за Лука Циндриќ, Мијајло Марсениќ, Хорхе Македа и Жоан Кањелјас, додека повредените Арпад Штербик и Илија Абутовиќ не беа во составот. Мечот ќе биде забележан како последен под водство на Раул Гонзалес.
Фото: РК Вардар