Top Sport

Вардар поразен во „малото финале“

ПСЖ го порази Вардар 29:28 (14:15) во малото финале на завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони. Црвено-црните со два порази ја предадоа европската круна,иако против ПСЖ 54 минути ја имаа предноста.

Тимовите што беа „видени“ во борбата за титулата, но беа поразени во вчерашните полу-финални натпревари, покажаа завидна борбеност и желба да се освои третото место, односно завршниот турнир да не го завршат со два порази.

Мечот мина и во знакот на Даниел Нарсис кој ја заврши професионалната кариера. Играчот кој ги има освоено сите можни титули во ракометот, во Келн го одигра последниот меч во кариерата.

Брз ракомет, со многу технички грешки, расположени голамни и не премногу одговорна игра во одбраната, презентираа Вардар и ПСЖ.

Вардар, подобор влезе во мечот, веднаш наметна своја игра, создаде предност од два гола (4:2) во осмата минута, потоа имаа црвено-врните 5.2 и 6:3, а до највисоката предност на натпреварот од четири гола избраниците на Раул Гонзалес дојдоа во 15.минута.

ПСЖ возврати со тро гола во интервал од две минути, а во 21.минута резултатот беше израмнет 10:10.

Вардар на полувреме замина со гол предност (15:14), а по две минути игра повторно создаде комотна разлика (17:14).

Неизвеснота ПСЖ ја врати во 38.минута (20:20), а потоа во наредните 15 минути се игрше гол за гол.

Таквата игра повиеќе им „легна“ на играчите на ПСЖ кои во 54.минути прв пат ја имаше предноста на своја страна (23:24).

Минута подоцна францускиот тим имаше два гола предност од два гола, а во последните секунди Кристопанс го постави конечниот резултат 29:28.

Ремили со девет гола беше најдобра играч на мечот. Неговите соиграчи Сагосен и Конку постигнаа по пет гола Кај Вардар најпрецизни беа Циндриќ, Македа и Чупиќ со седум, шест односно пет гола.

Завршниот турнир во Келн го означи крајот на оваа шампионска генерација на Вардар, бидејќи од клубот ќе заминат тренерот Раул Гонзалес, неговиот помошник Давид Дејвис Камара, како и Штербик, Циндриќ, Македа, Канељас, Марсениќ, Абутовиќ.

Scroll to Top