Пик Сегед Стигна до тешко извојувана, но заслужена 34:31 (17:15) победа над Вардар во седмото коло во ЕХФ Лигата на шампионите, така продолжувајќи ја „црната“ серија на поранешниот двократен европски шампион на четири порази во низа во европската елита.
Во последниот меч во нивната сатара „Ујсегеди спортчарнок“ арена, Пик имаа водство во поголемиот дел од натпреварот, иако „црвено-црните“ секогаш беа блиску за во финишот на натпреварот унгарскиот тим да се одвои и да стигне до победа, нивна четврта оваа сезона. Вардар останува на две победи и на шестото место на табелата со 5 поени, пред аутсајдерите ППД Загреб и Мешков Брест.
Себастијан Фримел заврши со 9 гола за Пик, Кент Тонесен додаде осум, додека за Вардар, Тимур Дибиров даде 7 гола, со што влезе во елитатната група на ракометари со над 1.000 голови во ЛШ (покрај Кирил Лазаров и Никола Карабатиќ), а Анте Гаџа имаше шест.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 7.КОЛО
ГРУПА А
Кил – Алборг 31:28 (17:14)
Пик Сегед – Вардар 34:31 (17:15)