Вардар стигна до кам-бек победа од над Металург од 27:26 (11:13) во македонското дерби во регионалната СЕХА-лига, враќајќи се во последните минути од натпреварот откако во поголемиот дел од мечот ја бркаше разликата од гол-два на тимот од Автокоманда.
Вардар започна одлично и направи предност од 7:4 по 13 минути игра, меѓутоа Металург успеа да се врати преку Александер Шпенде и имаше водство од 13:11 на полувремето. Актуелниот СЕХА-шампион успеа да принуди израмнета игра во второто полувреме, во кое ретко кога имаше предност од два гола, пред во финишот на натпреварот да стигне до победата.
Даинис Криштопанс, Кристијан Дисингер и Иван Чупиќ постигнаа по пет гола за „црвено-црните“, додека кај Металург најефикасен беше Александер Шпенде со седум постигнати голови.
Ова е осма победа на Вардар во СЕХА лигата, со што се врати на првото место на табелата со 8-0-2 скор, идентичен како и хрватскиот шампион ППД Загреб и со 24 поени на три разлика од Нексе и Татран. Металург е на претпоследното 9. место со 4 поени, три повеќе од фенерџијата Извиѓач.
Фото/Видео: СЕХА