Европскиот шампион Вардар ги надмина проблемите од првото полувреме, во кое неочекувано Порто имаше водство од два гола, за да стигне до 32:27 (14:16) победа над португалскиот претставник за втор триумф во низа во овогодишната ЛШ за прво место во групата Б.
А почетокот на првиот меч пред домашната публика во Лигата на шампионите не ветуваше многу. Порто предводен од Мбенге и Бранкињо се држеше израмнето во првите 20 минути од мечот, за во лош финиш за вардарци да поведат со дури четири гола разлика (14:10), пред Вардар да намали на 16:14.
Но, во второто полувреме го видовме вистинскиот лик на шампионите. Во фуриозни 15 минути, „црвено-црните“ направија целосен пресврт и Вардар имаше водство од седум гола (27:20), пред рутински да се доведе мечот до крај.
Даинис Криштопанс постигна со седум гола, исто колку што постигна и Чупиќ, додека по пет имаа Дибиров и Шишкарев, додека Бранкињо постигна седум гола за гостите.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА А
Алборг – ППД Загреб 30:20 (13:11)
Пари Сен-Жермен – Пик Сегед 19.00 ч.
Табела: 1.Флензбург 4, 2.Барселона 2, 3.Алборг 2, 4.ПСЖ 2, 5.Пик Сегед 2, 6.ППД Загреб 0, 7.Елверум 0, 8.Целје 0
ГРУПА Б
Вардар – Порто 32:27 (14:16)
Кјелце – Мотор 19.30 ч.
Табела: 1.Вардар 4, 2.Кил 3, 3.Веспрем 2, 4.Монпелје 2, 5.Порто 2,, 6.Кјелце 1, 7.Мешков Б. 0, 8.Мотор 0
ГРУПА Д
ГОГ – Чеховски медведи 38:31 (20:15)
Табела: 1.ГОГ 4, 2.Динамо Букурешт 3, 3.Висла Плоцк 2, 4.Чеховски м. 1, 5.Кадетен 1, 6.Кристијанштад 0
Фото: РК Вардар