Top Sport

Вардар со ВРХЛ титулата в џеб до реми со Будуќност

ЖРК Вардар и во осмиот меч од регионалната ВРХЛ лига остана непоразен, откако во мечот со црногорските ривалки Будуќност во драматична завршница стигна до 25:25 (13:14) реми.

Вардар со победата над Крим во првиот меч од четвртиот турнир од регионалната лига во Скопје ја обезбеди титулата од регионалното натпреварување, по што поопуштено влегоа во мечот со Будуќност.

Црногорките имаа предност во речиси целиот меч, но Вардар успеа да израмни и да поведе со 21:20 во средината на второто полувреме. Будуќност ја врати надмоќноста и имаше два гола разлика 22:24. Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ постигнаа по еден гол за израмнување, пред Будуќност да ја врати предноста со брз контра-напад. Сепак, „црвено-црните“ ја имаа во својот состав расположената Лекиќ, која во последната секунда постигна гол за 25:25.

Лекиќ беше најефикасна кај Вардар со 8 гола, додека по четири постигнаа Пенезиќ и Хмирова, додека кај Будуќност, Јанковиќ имаше 9 гола.

Фото: ЖРК Вардар

Scroll to Top