Македонскиот шампион Вардар стигна до нова победа во регионалната ВРХЛ лига, откако во Љубљана со 32:29 го победи словенечкиот Крим.
„Црвено-црните“ предноста за победа ја направија во второто полувреме откако по првиот дел Крим водеше со 18:17. Најдобар стрелец за Вардар беше Андреа Пенезиќ со 9 гола, додека Кузнецова имаше 6, а Радичевиќ 4.
Ова е втор турнир од ВХРЛ лигата и се игра во Љубљана, по претходниот турнир во Подгорица, каде што Вардар забележа две победи против Крим и Будуќност. Следен противник за Вардар е Будуќност, утре од 16 часот.