Три месеци пауза го очекува пикерот на Вардар, Рожерио Мораеш (24). Бразилецот ќе отсуствува поради операцијата на коленото.
Мораеш, на „Инстаграм“, објави дека, вчерашниот натпревар против Барселона во Лигата на шампионите (26:30), бил последен за него оваа година во дресот на Вардар.
До крајот на годината, Вардар ќе одигра уште три натпревари во Лигата на шампионите, ќе им гостува на Барселона (17.ноември) и Мешков Брест (24.ноември) и ќе го пречека Кјелце (1.декември).
Рожерио Мораеш е играч на Вардар од 2016 година, тој претходно бил играч на Кил.