Иако во Скопје веќе почнаа да се прават последните подготовки за пречекот на новиот европски шампион Вардар, „црвено-црните“ уште се во Келн, чекајќи ја потврдата на чартер-летот до македонската престолнина.
Ова го објавија на официјалната Фејсбук страница на РК Вардар. Престојот на аеродромот Келн-Бон, пак, патниците го искористија за фотографирање со новокрунисаниот европски шампион во ракомет.
Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, пак, на Фејсбук потврди дека летот е одложен поради „административни причини“ и во Скопје ќе треба да пристигне во 20.30 часот.
Фото: РК Вардар