Top Sport

Вардарки не успеаја да го „срушат“ Ѓер

ЖРК Вардар не успеа да стане европски шампион, откако во нов меч за срцев напад, загуби со минимални од Ѓер по две продолженија, кој останува европски шампион по драматичниот меч во Будимпешта.

Едуарда Аморим се разгира во продолжението за да им донесе водство од два гола на унгарските шампионки, водство од кое „црвено-црните“ не успеаја да се вратат. И покрај ова,  Андреа Џанаѓија го имаше последниот напад за израмнување, но голманката Киш го одбрани ударот за славје на унгарскиот шампион.

Со ова се става крај на една ера за македонскиот женски ракомет и за ЖРК Вардар, во кој македонскиот клуб стана еден од великаните во Европа, откако главниот спонзор Сергеј Самсоненко реши да се повлече од клубот. Поголемиот дел од врвните ракометарки следната година ќе играат во други европски клубови, токму како противниците на Вардар во Фајнал форот – Ѓер, ЧСМ Букурешт и Ростов.

Исто така мора да се забележи одличната игра на Сара Ристовска, која постигна два гола во полувремето, вклучувајќи го израмнувачкиот гол за 7:7. По 25 минути игра Вардар, конечно, дојде во водство за 8:7, меѓутоа на крајот во второто полувреме ќе се тргне речиси од нула (9:9).

Во меч во кој нијансите одлучуваа за секој гол, Вардар беше предводен од фантастичната француска голманка Амандин Лејно, меѓутоа во финишот Едуарда Аморим Талеска, позната на македонската ракометна публика го постигна клучниот гол за Ѓер во финишот на натпреварот за да израмни на 20:20, и тогаш останаа само уште девет секунди игра во кои Вардар не успеа да стигне до шампионски гол.

Фото: ЕПА

Scroll to Top