По цели 19 години, селекторот на женската ракометна репрезентација на Русија, Евгениј Трефилов (64) ја напушта функцијата.
Под негово водство, руските ракометни репрезентативки освоија 5 златни медали на Светските првенства, како и едно злато ,а Олимпијадате во 2016 година.
Трефилов годинава имаше операција на срцето и поради тоа го напушта селекторското столче.
„Моето време заврши. На руската репрезентација и дадов многу години и напорна работа. Време е да си заминам и да посветам внимание на моето здравје“ – рече трофејниот тренер.
Трефилов се очекува во иднина да биде дел од Руската ракометна федерација.
Неговото место ќе го заземе шпанскиот стратег, Амброс Мартин кој е актуелен тренер на Ростов Дон.