Веспрем со гол во последните секунди успеа да извлече 29:29 (13:16) реми против Кјелце во првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампиони на ЕХФ, во наијинтересниот и најизрамнетиот дуел за пласман на Фајнал фор.
Полскиот клуб може да жали што не си замина дома со предност пред реваншот, откако почнаа со 4:0 серија и водеа во поголемиот дел од мечот, не дозволувајќи унгарскиот клуб да ја искористи домашната предност.
Јехја Мохамед беше најефикасен кај домаќините со шест постигнати гола, додека за Кјелце, Алекс Душебаев заврши со шест гола, а Аркадијуш Морито уфрли пет.