Top Sport

Веспрем „падна“ во Букурешт, Мешков останува без победа во ЛШ

Динамо Букурешт ја сопре победничката серија на Веспрем, победувајќи го унгарскиот фаворит со 31:29 во драматична завршница на шестото коло во ЕХФ Лигата на шампиони, додека во групата на Вардар, Мешков Брест го забележа и шестиот пораз во шестиот меч, губејќи со 27:30 дома од Елверум.

Веспрем почнаа подобро на мечот кој се играше пред празни трибини поради пандемијата на КОВИД-19, и имаа водство од два гола, пред Валентин Гионеа и Кристијан Дисингер да го свртат мечот и да направат три гола предност за Динамо, за на полувреме да се отиде со гол предност (14:13). Во второто полувреме, предноста на Динамо стигна до 4 гола, но унгарскиот гигант се врати и во драматична завршница загуби со 31:29. Гионеа заврши со седум гола, Раул Кампос додаде шест за романскиот клуб, а Петар Ненадиќ имаше 9 гола за Веспрем.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 6.КОЛО

ГРУПА А

Мешков Брест – Елверум 27:30 (11:14)

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Б

Динамо Букурешт – Веспрем 31:29 (14:13)

Флензбург – Мотор Запорожје 20.45 ч.

Порто – Барселона 20.45 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top