Металург продолжува со одличните засилувања пред новата ракометна сезона, договорајќи трансфер на поранешниот капитен на ППД Загреб, Златко Хорват.
35-годишниот Хорват е легенда на хрватската репрезентација, но и на „плинарите“, каде што ја одигра своја кариера. Хрватот потпишува договор на една година и е последното засилување на клубот од Автокоманда по Момир Рниќ, Бранко Канкараш и Никола Потиќ.
Металург следната сезона ќе настапува во новата Лига Европа на ЕХФ.