Шведска вложи жалба до ЕХФ и бара поништување на полуфиналниот натпревар со Франција.
Франција ја победи Шведска во полуфиналето со 34:30, откако на неверојатен начин избори продолженија. По истекот на времето, Пранди погоди на нестварен начин од 10 метри.
Натпреварто го судеа македонските судии Начевски и Николов, а ракометниот свет коментира дека направиле груб превид кога го признале голот на Пранди.
На снимката јасно гледа дека францускиот ракометар ја подигна ногата при изведувањето при шутот, што е спротивно на ракометните правила.
ELOHIM PRANDI SENDS US INTO EXTRA TIME 🤯🤯🤯#ehfeuro2024 #heretoplay #FRASWE pic.twitter.com/NJRaVdZyLc
— EHF EURO (@EHFEURO) January 26, 2024