Европската ракометна федерација (ЕХФ) на 26 мај изрече суспензија на Драган Начевски, првиот човек на судиите во Европа. Причина за ова се обвинувањата искажани од данската телевизија „ТВ2“ дека Драган Начевски учествувал во дискусија за местење натпревари, за која медумот доставил и аудио и видео-снимка.
Европската куќа на ракометот, тогаш објави официјално соопштение во кое се вели дека тој во јануари 2020 година имал состанок со неименуван бизнисмен, кого го убедувал дека може да внесе кинески тим во СЕХА лигата. Тој преку трето лице го прашал и дали сака да намести ракометен натпревар.
ЕХФ го суспендира Начевски, бидејќи иако ја одбил понудата да биде дел од местенки, тоа не го направил доволно силно и конкретно.
По повод овој скандал повторно се огласи телевизијата „ТВ2“. Данците ја објавија видео-снимаката од разговорот, со напомена дека ова е првата епизода од како што рекоа „серијалот емисии за скандали во европскиот ракомет кој е поврзан со ракометни судии“.
Начевски во писмената изјава до ЕХФ демантирал дека бил дел од местење на натпревари.
Слулајот е предаденен до одговорните инстанци во ЕХФ кои ќе ја продолжат истрагата, а исто така е испратен и до австриската федерална полиција.