Top Sport

(ВИДЕО) Во Битола цела ноќ се славеше ракометната титула

Ракометна Битола е во еуфорија откако по 18 години шампионската титула повторно се врати во градот на конзулите. Цела ноќ се славеше титулата, а делириум предизвика пристигнувањето на автобусот со ракометарите на Еурофарм Пелистер.

Тие вчера победија на гостувањето во Охрид, додека Вардар 1961 ремизираше на гости против Тиквеш во Кавадарци, со што на едно коло пред крајот „пелистерци“ и математички се недостижни за конкурентите.

 

Scroll to Top