Top Sport

Висла со драматична победа на пенали против Нант за прво четврт-финале во ЛШ

По неверојатен меч полн со пресврти, Висла Плоцк се пласираше во четврт-финалето на ЕХФ Лигата на шампиони, откако по изведувањето на пенали со 5:4 го совладаа Нант. Во четврт-финалето полскиот клуб ќе гостува кај германскиот Магдебург.

Нант почна фантастично и отиде на полувреме со три гола предност (14:11), за потоа во неизвесното второ полувреме, полскиот клуб направи пресврт и водеше со 23:25 на минута пред крајот на мечот. По ова, Нант постигна гол во последната секунда за израмнување и пенал серија, во која Полјаците беа повешти.

Претходно, Динамо Букурешт првпат во својата историја стигнаа до победа над Кил, триумфирајќи со 32:31 на гости, но тоа не беше доволно да се влезе во четврт-финалето. Германскиот фаворит имаше огромна предност од првиот меч по 41:28 победата, така што немаше вистинска опасност за елиминација. Андриј Акименко го одлучи победникот со гол во последната секунда од мечот.

Кил ќе игра со Пари Сен-Жермен за место на Фајнал фор.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/8 ФИНАЛЕ
Кил – Динамо Букурешт 31:32 (16:17), прв меч 41:28, вкупно 72:60
Нант – Висла Плоцк 25:25 (14:11), прв меч 32:32, вкупно 47:47, 4:5 пен.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/4 ФИНАЛЕ
Кјелце – Пик Сегед/Веспрем
Магдебург – Висла Плоцк
Барселона – Алборг/ГОГ
Пари Сен-Жермен – Кил

Scroll to Top