Вечерва со натпреварот помеѓу домаќинот Франција и Русија ќе започне 13. Европско првенство за ракометарки. Виситнски раритет е што ждрепката реши првенството да го отворат светскиот првак (Франција) и олимпискиот шампион (Русија).
Натпреварот во Нанси ќе биде прв што ќе го одиграат двете селекции по пауза од две години. Последен пат Франција и Русија играле во финалето на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, кога екипата на Евгениј Трефилов победи 22:19.
На ЕП ќе учествуваат 16 репрезентации, титулата ја брани Норвешка. Оваа земја е рекордер со седум титули европски првак.
Група А: Данска, Србија, Шведска, Полска
Група Б: Франција, Русија, Црна Гора, Словенија
Група Ц: Унгарија, Шпанија, Холандија, Хрвтаска
Група Д: Норвешка, Романија, Германија, Чешка
Финалниот меч ќе се одигра на 16.декември.