Легендата на хрватскиот ракомет, сега веќе пензионираниот Игор Вори, беше бесен на судиите по драматичниот 22:21 пораз од Германија во Келн, по кој „маншафт“ отиде во полуфинале, а Хрватите ќе мораат да се потрудат да обезбедат олимписка квалификација.
Вори, кој беше светски шампион со Хрватска во 2003 година, е посебно бесен на последните 10 минути од мечот Германија-Хрватска, оценувајќи дека ко-организаторите на шампионатот си „ја наместиле работата“ за да одат во полуфинале.
„За дечките, секоја чест. По тоа со Бразил да се одигра ваков натпревар и тоа во сите 60 минути е неверојатно и тие се за мене победници. Тоа што се случи на крајот е само слика на тоа што се случува подолго во ракометот. Не е важно дали сме ние или Французите… Апсолутно неверојатно, и сите кои разбираат ракомет го знаат тоа. Ова е анти-реклама за спортот. Ако веќе организираа сѐ за да одат понатаму барем да ни кажеа дека е така. Ова е вистинска неправда. Ако судиите се во право ќе се извинам, но по 20 години кариера тоа значи дека не знам ништо за ракометот“, изјави Вори за „Индекс“.
Германија во најдраматичниот меч досега ја „собори“ Хрватска