Во 18 часот, подмладената македонска ракометна репрезентација на чело со Раул Гонзалес ќе добие шанса првпат во својата историја да го совлада поранешниот олимписки и светски шампион, Хрватска.
Во досегашните пет меѓусебни дуели, „каубоите“ имаат пет победи, од кои четири на големите натпреварувања.
Првиот дуел беше на Европското првенство во 1998 година, кога Хрватите беа актуелни олимписки шампиони и не победија со лесни 28:21.
За вториот меч се чекаше 17 години – на Светското првенство во 2015 година, во интересен меч во кој загубивме со 29:26, но се „држевме“ во текот на целиот меч од втората рунда. Хрватите ни беа и сериозен противник на Европското првенство во Полска во 2016 година, кога пак, немавме многу шанси и загубивме со 34:24.
На капитенот Лазаров, но и на голманот Ристовски, сигурно нема да им треба голем мотив да ја победат селекцијата на Лино Червар, која по сигурниот старт се смета себеси како голем фаворит за медал. Ова исто така ќе биде и совршена шанса помладите ракометари да добијат „голем меч“.
Меѓу двете репрезентации нема многу тајни – сите ги познаваме најдобрите хрватски ракометари, Червар беше селектор на Македонија, а и дел од хрватските ракометари добро го познаваат Скопје и Македонија, каде што во Вардар го вадеа и го вадат ракометниот леб.
Дерби за сите времиња, и се надеваме за „наплаќање на старите сметки“.
Фото: ЕПА