Top Sport

Вујовиќ: Оставката не е трик за да го преземам Вардар

Веселин Вујовиќ пред три дена поднесе оставка на тренерското место во ППД Загреб. Во интервју за „Вјести“ тој ги открил причините поради кои решил да го напушти Загреб.

„не можев во исто време да бидам на две места. Им кажав на луѓето во клубот дека имам проблем во Шабац, кој не може да се реши доколку не сум тука. Имам прватен бизнис кој се урива додека не сум тука. Не можев во неизвесност да ги држам луѓето, бидејќи не знам дали проблемот ќе биде решен за четири, пет или шест месеци. Мислам дека вака беше најкоректно. Луѓето од клубот знаат дека можат да сметаа на мене кога ќе го решам проблемот. Тука сум доколку им бидам потребен“, рекол Вујовиќ и негирал дека оставката е негов трик за да може да седне на клупата на Вардар.

Во Вардар се врати на претседателската функција големиот пријател на Вујовиќ, Михајло Мохајловски.

„Гласините започнаа уште кога беше објавено дека Михајловски се враќа во Вардар. Верувајте заминувањето од Загреб не е трик за да го преземам Вардар, иако не ја исклучувам можноста тоа да се случи кога ќе ги решам проблемите“.

Вујовиќ Загреб го презеде од Бранко Тамше кон крајот на минатата година. Претходно беше тренер на овој клуб од 2014 до 2016 година.

Scroll to Top