Top Sport

Алегри се враќа

Масимилијано Алегри по пауза од една година, од наредната сезона повторно ќе и се врати на тренерската работа. Медиумите во Италија шпекулираат дека тој би можел да биде новиот тренер на ПСЖ.

Јувентус го смени Алегри по завршувањето на минатата сезона и на неговото место го назначи Маурицио Сари. Иако доби отказ Алегри остана на платниот список на Јувентус, поради што реши да земе одмор.

„Ла Стампа“ најавува дека 52 годишникот ќе го наследи Томас Тухел на кормилото на ПСЖ.

Покрај Јувентус, Алегри во кариерата бил тренер на Калјари и Милан. Со Милан има едно Скудето, додека со Јувентус освоил пет титули во првенството и четири во Купот на Италија.

Scroll to Top