Еден е од најдобрите играчи во историјата на ракометот, миленик на навивачите на Вардар, тренер со нескротлив темперамент. Тоа е Веселин Вујовиќ актуелен тренер на ППД Загреб и селектор на Словенија.
„Вујо мајсторе“ како што му пееја навивачите на Вардар, уште еднаш го демонстрираше својот незгоден карактер.
На натпреварот во СЕХА-лигата во Белорусија, ППД Загреб гостуваа кај Мешков Брест. Мечот заврши со резултат 33:29, а ќе се памети по еден тајм-аут што го одржа Вујовиќ.
„Умри да ти е..м животот. Умри да не те гледам“, му се обратил Вујовиќ на својот играч Марко Паниќ.
Спортот е една многу фина, културна и благородна работа. Па каже: pic.twitter.com/27RWceov1z
— JaneDoe (@sonjatd) November 19, 2019