Европскиот шампион со Вардар и поранешен репрезентативец на Црна Гора, Вуко Борозан, кариерата ќе ја профдолжи во матичната држава во екипата на Ловќен. Овој клуб во новата сезона ќе се натпреварува во Лига Европа.
Борозан кариерата ја започна во младинската школа на Ловќен, играше во Карловац, Металург и Германија, а во 2016 година пристигна во Вардар. Трите години во црвено-црниот дрес му беа најдобри во кариерата.
Од Вардар замина во Веспрем и тука неговата кариера започна да се движи во надолна линија. Од Унгарија замина во Ал-Араби, а минатата сезона ја мина во Загреб, каде речиси и да не играше.
Ловќен има големи амбиции оваа сезона, пред Борозан во клубот пристигнаа капитенот на црногорската репрезентација Мирко Радовиќ од Еурофарм Пелистер, а нови играчи станаа и Иван Перишиќ, Лука Вујовиќ, Филип Борозан, Богдан Петричевиќ, Вук Лакичевиќ и македонскиот репрезентативец Бојан Маџовски.
Во Лига Европа, Ловќен ќе игра со Кадетен Шафхаузен, норвешки Елверум и Фленсбург.