Ко-домаќините Германија и Данска, вечерва, со своите натпревари ќе го отворат 26.Светско првенство во ракомет, на кое шести пат во историјата ќе учествува и Македонија. Натпреварите на СП ќе се играат во шест града: Хамбург, Минхен, Келн и Берлин во Германија, односно Копенхаген и, Хернинг во Данска.
Првиот натпревар на СП, од 18:15 часот ќе го одиграат Германија и Кореа, а два часа подоцна својот дуел ќе го започнат Данска и Чиле.
Македонија својот настап на СП ќе започне утре од 15 часот против Јапонија. Македонската репрезентација партиципира во Б-групата, натпреварите ќе ги игра во Минхен, а покрај Јапонија противници ќе и бидат уште Шпанија, Хрватска, Исланд и Бахреин.
Распоред на натпреварите на Македонија:
11.јануари: Македонија – Јапонија (15:30 часот)
13.јануари: Македонија – Бахреин (14:00)
14.јануари: Македонија – Хрватска (18:00)
16.јануари: Македонија – Шпанија (20:30)
17.јануари: Македонија – Исланд (18:00)
Пласман во следната фаза ќе изборат по три најдобри селекции од секоја група. Во втората фаза ќе бидат формирани нови две групи со по шест селекции. Првите две од новоформираните групи ќе се борат за медалите.
Група А (Берлин):
Франција, Русија, Германија, Србија, Бразил, Кореа
Група Б (Минхен):
Шпанија, Хрватска, Македонија, Исланд, Бахреин, Јапонија
Група Ц (Хернинг):
Данска, Норвешка, Австрија, Тунис, Саудиска Арабија,Чиле
Група Д (Копенхаген):
Шведска, Унгарија, Катар, Аргентина, Египет, Ангола