ЖРК Вардар го одигра последниот меч во својот доминантен трофеј, за сезоната да ја заврши со титула од Купот на Македонија, освоена по шести пат со 46:24 победа над Металург.
Мечот не носеше никаква неизвесност, а за Вардар играа дури десет македонски ракометарки, во утешната титула по поразот во финалето на Лигата на шампионите втора година едноподруго од унгарскиот гигант Ѓер.
Андреа Кликовац имаше 12 голови, Саздовска додаде девет, а Ристовска осум гола. За најдобар голман во Купот беше прогласена Јована Мицовска, Теодора Керамичиева е најдобар стрелец, а Сара Ристовска ја зеде наградата за најдобар играч.
Фото: ЖРК Вардар