Top Sport

Пандев со петти гол, но Џенова сезоната ја заврши со пораз (видео)

Горан Пандев стрелаше за Џенова во 80. минута од последното коло во Серија А, но „Грифоне“ загубија на домашен терен со 1:2 од Торино за да останат на 12. место по стравувањата за испаѓање од првиот дел од сезоната.

„Торо“ поведе рано на „Луиџи Ферарис“, откако во 30. минута, Јаго донесе водство за гостите, а во 58. минута, Даниеле Басели зголеми на 0:2. Пандев, кој влезе во второто полувреме во игра, беше на вистинското место во 80. минута по една опасна шанса на неговиот клуб. Торино сезоната ја завршува на деветтото место.

Пандев ја комплетира сезоната со пет гола во Серија А, а за неговата „мајсторија“ против Џенова ќе се збори долго време и голот ќе се врти меѓу колекциите на најубави фудбалски потези.

Голот на Пандев е „шлагот на тортата“

Scroll to Top