Top Sport

Авионот на Саудијците се запали на пат до Ростов! (видео)

Репрезентацијата на Саудиска Арабија беше потресена, но стигна во едно парче во Ростов на Дон, откако едното крило на нивниот авион се запалило на патот од Москва.

Саудијците во среда играат против Уругвај во второто коло во групата А, и фудбалерите биле вознемирени кога забележиле оган од едното крило поради „мал технички проблем“ според официјалното известување на Саудската фудбалска федерација. За среќа, немало поголема штета и авионот нормално слетал во Ростов.

„Саудиската фудбалска федерација сака да повтори дека сите наши фудбалери се безбедни по техничкиот проблем со еден од моторите на нашиот авион, кој безбедно слета на аеродромот во Ростов. Тие сега се во своите хотелски соби“, се вели во објавата на Твитер.

Саудиска Арабија го почна Мундијалот со тежок 5:0 пораз од Русија во првиот меч на Мундијалот, така што сега ќе мора да брка резултат против Уругвај ако сака да ги задржи шансите за пласман во втората рунда.

Scroll to Top