Фернандо Јеро се најде во незавидна ситуација да стане шпански селектор на еден ден пред стартот на Мундијалот во Русија и на два дена пред првиот меч од шампионатот во петок против Португалија.

Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) направи исклучително храбар и неочекуван потег кога го отпушти Хулен Лопетеги по неговата одлука да стане тренер на Реал Мадрид, и Јеро во првата прес-конференција вели дека ќе ја преземе одговорноста.

„Ова е голем предизвик за мене. Условите се такви какви што се, и ја прифаќам одговорноста со храброст. Имаме група на фудбалери кои се заедно две години пред Светското првенство и јас бев нивни спортски директор, така што мотивација нема да ни недостига. Не можам да сменам нешто што се работело двбе години за два дена. Затоа ќе менуваме многу малку. Им кажав на фудбалерите дека можам да ги погледнам во очи и нема причина за конфликти, така што одиме по титула“, вели Јеро.

Легендата на Реал Мадрид му се заблагодари на неговиот претходник Лопетеги за работата.

„Имам огромна почит за Хулен за работата која ја заврши и му посакувам мнгоу среќа во иднина. Се познаваме долго време и бев со него по одлуката и се поздравивме како пријатели“, вели Јеро.

Фернандо Јеро ќе ја води Шпанија на СП