Top Sport

Ракитиќ се повлекува од репрезентацијата?

Еден од најдобрите хрватски репрезентативци, Иван Ракитиќ, многу веројатно во Москва, против Франција, го одигра последниот натпревар во дресот на националниот тим.

По поразот во големото финале од Франција 2:4, рекол дека неговата репрезентација била подобар ривал на теренот се до моментот кога Погба го постигна третиот гол за Франција, дека најмалку 100 милиони луѓе навивале за Хрватска и не заборавил на Франција да и ја честита титулата.

Ракитиќ уште пред почетокот на Светското првенство најави збогување со репрезентацијата, а прашање е дали големиот успех ќе го натера да ја повлече одлуката.

Сомнежите дека ќе ја потврди својата најава го покрена и посветата што ја напиал на дресот што му го подарил на Лука Модриќ.

„За мојот брат Лука. Најголема чест ми беше што го делев ова време со тебе. Те сака Ракета“, напишал играчот на Барселона.

Ракитиќ за Хрватска дебитирал во 2007 година и за 11 години одиграч 88 натпревари и постигнал 13 гола.

Scroll to Top