Арсенал потврдија дека „материјалното влијание“ на пандемијата на КОВИД-19 е виновно за загубата од 47.8 милиони фунти за сезоната 2019/20.
Лондонскиот клуб тврди дека пандемијата ги чинела 35 милиони евра како резултат на загубен приход од билети, како и од намалените приходи од ТВ преносите по тримесечната пауза во Премиер лигата. Сумата можела да биде и поголема ако фудбалерите не се согласија за намалување на платата за 12.5 отсто.
„Вонредните“ трошоци одземаат 10.4 милиони фунти – ова е цената за отпуштањето на Унаи Емери во ноември 2019 и носењето на Микел Артета како нов тренер.