Фудбалерот на Анжер, Фарид Ел Мелали се извини на навивачите откако беше уапсен за мастурбирање додека гледал во апартман на соседот, неколку часа откако потпиша нов договор со клубот.
22-годишниот Ел Мелали бил уапсен во понеделникот во дворот на неговата зграда и е обвинет за нарушување на јавниот мир. Ова е вторпат Ел Мелали да биде уапсен за сличен прекршок, и сега го очекува казна од 12 месеци затвор и 15.000 евра казна.
Ел Мелали на социјалните мрежи прати низа извинувања до семејството, пријателите и клубот.
„Последните неолку дена ми беа навистина тешки, ментално и физички. Ја сфаќам осудата на сите кои ги добија информациите и кои не можат да толерираат такво однесување. Сакам да се извинам на моето семејство, моите пријатели и фановите на мојот мил клуб Анжер, како и на сите Алжирци. Сега сфаќам какви вредности и принципи морам да поддржувам“, напиша Ел Мелали.