Top Sport

Халанд: Ван Дајк е чудовиште, против него не добив ниту еден дуел

Ерлинг Халанд, веројатно ја игра својата последна сезона во Борусија Дортмунд. Норвежанецот на 80 натпревар има постигнато 79 голови, со што го привлече вниманието на богатите клубови.

Во интервјуто, во кое рекол дека минатата година ја обележал Роберт Левандовски, Халанд, открил против кој играч му било најтешко да игра.

„Вирџил ван Дајк. Знаете колку е висок, колку е силен и колку е брз. Мислам дека против него не добив ниту еден дуел. Физички е вистинско чудовиште“, рекол Халанд.

Халанд и Ван Дајк беа противници во квалификациите за СП. Норвешка и Холандија ремизираа 1:1, а голот за Норвешка го постина Халанд.

Scroll to Top