Top Sport

Хорнер: Би сакал неверојатниот Хамилтон да вози и оваа сезона

Кристијан Хорнер, првиот човек на Ред Бул, рекол дека би сакал да го види Луис Хамилтон и во претсотјната сезона во болидот на Мерцедес.

Медиумите шпекулираат дека Хамилтон би можел да се повлече од Формула 1. Според нив, Британецот е незадоволен од се она што се случуваше на последната трка во Абу Даби, кого во последниот круг, поради дискутабилните одлуки на дирекцијата на трката, остана без шампионската титула.

„Се надевам дека Луис и понатаму ќе вози во Ф1. Тој и понатаму е неверојатен возач, вози на неверојатно ниво. Тој и Макс минатата сезона беа лига за себе, сите уживаа во нивната борба“, рекол Хорнер и дополнил.

„Тој решава. Луис најдобро знае што е најдобро за неговата кариера. Тоа е негова работа“.

Scroll to Top