Top Sport

Гаљардо не бил заинтересиран за Барселона

Марсело Гаљардо е најдобриот тренер во Јужна Америка. Тој ги врати Ривер Плата на победничките патеки, минатата сезона го освои Копа Либертадорес, а оваа сезона има можност да ја одбрани таат титула.

Поради тоа изминатите денови се појавија шпекулации дека Гаљардо наредниот месец ќе го наследи Ернесто Валверде на клупата на Барселона.

„Ништо конкретно не сум слушнал од ниту еден официјален извор. Не верувам дека би било можно да се преговара во време кога ние играме одлучувачки натпревари. Шпекулациите не престануваат, а јас нема што да кажам на темата Барселона“, рекол Гаљардо.

Прв оваа тема ја отвори Клаудио Бираги, човек кој бил светски првак со Аргентина во 1986 година. Тој рекол дека Гаљардо ќе биде новиот тренер на Барселона.

„Имам информација од сигурен извор: Марселона Гаљардо во декември ќе седне на клупата на Барселона“, рекол Бираги.

Scroll to Top