Top Sport

Капитенот на Аталанта, Папу Гомез објави стрип за неговиот живот

Капитенот на Аталанта, Аргентинецот Алехандро „Папу“ Гомез ќе објави стрип за деца за неговиот живот и кариера.

Книгата со наслов „Ciao, son il Papu“ (Здраво, јас сум Папу), ќе биде достапна во дигитална форма и како графичка новела на 16 јуни. Папу ќе оддржи сесија за делење автограми во Бергамо.

„Еднаш, имаше едно мало момче кое живееше во далечна земја, Аргентина, и имаше сон, да стане фудбалер. Ова е мојата приказна, дојдете да се играме“, се вели во книгата.

32-годишниот Папу е легенда во Бергамо и го предводеше тимот од борба за опстанок во 2014 до четврт-финалето во Лигата на шампионите оваа сезона. Тој поголемиот дел од својата кариера го помина во Италија, играјќи за Катанија од 2010 до 2013, освен една сезона во украинскиот Металист Харкив.

Scroll to Top