Top Sport

Македонските клубови во „поход“ на Загреб – Анте Гаџа потпиша за Вардар

Неколку дена откако Металург им го зеде капитенот Златко Хорват, сега Вардар реши да се „поднови“ за новата ракометна сезона со уште еден ракометар на ППД Загреб, Анте Гаџа.

27-годишниот Гаџа, кој игра на позицијата среден бек, кај „црвено-црните“ треба да е замена за Словенецот Сташ Скубе, откако Вардар му даде договор на една година со опција за уште една.

194 сантиметри високиот Гаџа оваа сезона постигна 40 гола за ППД Загреб во Лигата на шампионите и е последно засилување на Вардар по Филип Талески, Гоце Георгиевски, голманот Робин Кантегрел, како и Санталов и Јагуриновски. Во клубот сигурно остануваат Дибиров, Стоилов, Чупиќ, Калараш, Дисингер и Ристовски.

Scroll to Top