Top Sport

Келн ги шокираше „милионерите“, Баерн со пресврт славеше во Штутгарт

Келн го приреди најголемото изненадување од почетокот на сезоната во Бундес лигата. Келн во 9.коло, во Дортмунд, славеше над Борусија со 2:1. За разлика од „милионерите“, шампионот Баерн не дозволи изненадување во Штутгарт. Иако „швабите“ имаа предност, Баварците направија целосен пресврт и го добија мечот со 3:1.

По ова коло Баерн на врвот ја зголеми предноста во однос на Борусија Дортмунд на четири бода. Втор тим на табелата е Лајпциг со 20 поени.

Лајпциг со голвите на Анхелињо и Нкунку 2-1 ја победи Арминија Билефелд. Сорлот при резултат 2:0 не реализираше пенал за Лајпциг.

Унион Берлин и Ајнтрахт приредија вистински спектакл, одиграа натпревар со шест голови, на крајот освоија по еден бод (3:3).

Scroll to Top