Игор Кокошков кој ја предводеше Словенија до сензационалната титула на Евробаскетот е новиот селектор на Србија, објави Спортклуб. Поранешниот тренер на Финикс Санс на функцијата ќе го наследи Александар Ѓорѓевиќ кој поднесе оставка по завршувањето на Светското првенство.
Игор Кокошков минатата сезона стана првиот Европеец кој ја доби довербата да биде главен тренер на една НБА франшиза.
Оваа сеозна Кокошков ја започна како асистент на Лук Волтон во Сакраменто Кингс.
Новиот српски селектор кариерата ја започнал во 1992 година во ОКК Београд, потоа работел во младинскиот погон на Партизан, откае заминал преку Атлантикот. Работел како асистент на универзитетот Мисури, а потоа и во ЛА Клиперс, Детроит Пистонс, Финикс Санс, Кливленд Кавалирс, Орлансо Меџик и Јута Џез.