Во првиот од двата дуела, вечерва во Гелзенкирхен, домаќинот Шалке ќе го дочека Манчестер Сити во осминафиналето од ЛШ, а со оглед на ростерот на Англичаните, германскиот состав е тотален аутсајдер во двомечот.
Прогнозите пред првиот од двата меча се дека овој двобој ќе биде најмалку неизвесен.
Шалке едвај ја помина групната фаза, а во Бундес лигата има големи проблеми и се наоѓа во вториот дел од табелата.
Од друга страна Сити има сјајни фудбалери и нивната зацртана цел сезонава е трофејот во ЛШ.
Тренерот на Шалке денеска нема да може да смета на Емболоа, Шоф, Маскарела, а под знак прашалник е и настапот на Стамбули.
„Јасно е дека сме аутсајдери, сепак заслужено сме тука затоа што игравме добро во групата. Размислуваме само за својата игра и нема да се прилагодуваме на противникот. Нема ништо подобро од играње во Лигата на шампиони“ – вели тренерот на Шалке, Доменико Тедеско.
И стратегот на Сити, Пеп Гвардиола е свесен дека тие се фаворитот на двомечот, но Шпанецот не сака тоа да го истакнува премногу за да не му се случи кикс.
„Ова е специјално натпреварување и мора да ги контролираме емоциите. Мислам дека екипата е се подобра и подобра, се знаеме многу повеќе меѓу себе. Мораме да ја играме својата игра. Ако сакате поминување, а не дадете се од себе, ќе ве исфрлат. Секоја секунда треба да си фокусиран“ – вели Гвардиола.
Мечот започнува вечерва во 21 часот, а ќе го суди Шпанецот Карлос Дел Церо Гранде.