„Барселона не го понудила Иван Ракитиќ на францускиот шампион ПСЖ, а ниту пак тие го бараат хрватскиот репрезентативец“ пишува „Мундо Депортиво“ повикувајќи се на неименуван извор.
Барса настојува да го доведе Нејмар, а некои од медиумите наведоа дека каталонскиот клуб за Бразилецот понудил пари и понудил Ракитиќ да се пресели во Париз.
„Упатените извори велат дека Хрватот не е валута за размена. Ниту Ракитиќ сака да замине некаде, ниту пак Барса има наера да го испрати. ПСЖ не испратил никаква понуда за него“ пишува шпански „Мундо Депортиво“.
Весникот наведува дека Фелипе Кутињо и Нелсон Семедо се можниот „дил“ за замена за Нејмар.
Трансфер-пазарот во Шпанија се затвора на 2 септември, а Барселона на отворањето на Примера во петок му гостува на Атлетик Билбао.
Каталонците сезонава ќе се обидат да ја одбранат титулата во Примера, но и да го нападнат пехарот во Лигата на шампиони кој последен пат го освоија во 2015 година.