Top Sport

Пандев: Аплаузите допреа до моето срце и по толку години!

Македонскиот фудбалски репрезент на Апенините, Горан Пандев иако со неговиот тим Џенова вчера доживеа висок пораз на „Џузепе Меаца“ од Интер од 5:0, сепак има причина за убаво расположение откако доживеа силни емоции од преку 60.000 навивачи на стадионот.

Навивачите на Интер уште еднаш покажаа дека не го забораваат Пандев и сето она што тој го стори за нивниот клуб.

На Инстаграм Пандев им се заблагодари на своите екс-навивачи:

„Разочаран сум за поразот, но сакам да им се заблагодарам на сите навивачи на Интер за љубовта и топлото добредојде. Пак допреа до моето срце и покрај толку многу години“, напиша Пандев.

Scroll to Top